ЗОШТО АТЛЕТИКО НЕ МУ НАПРАВИ ШПАЛИР НА РЕАЛ?
Објавено на: 09.05.2022
Во спортот владее една непишана џентлменска традиција, која ја спроведуваат на терен и вон теренот, сите (големи) екипи и играчи, однонсо чинители во оваа димензија од општественото живеење.

Велиме општествено живеење, затоа што тоа организирање, на таков начин, со сите свои маани и доблести, не прави различни од животните и сите други организми кои живеат на нашава планета.

Атлетико Мадрид реши да не направи шампионски шпалир за Реал Мадрид и да не го поздрави новиот шампион, а, на пример, Реал тоа го направи за Атлетико. Изговорот беше чуден:
120 години судиите и медиумите прават шпалир за Реал Мадрид.
Ова беше неофицијален трансапрент на Ванда Метрополитано, стадионот на Атлетико, но со оглед на тоа дека никој од официјалните лица во клубот не го отстрани или не реагираше, тоа може да се смета како поддржување на истиот.

Кој му е виновен на Атлетико што нема 13 и шанса за 14 европски титули? Кој му е виновен што не е рекордер во Шпанија? Кој му е виновен што нема рекордни трансфери? Секој клуб има своја политика и функционира различно.
Кој победи во двете финалиња меѓу Реал и Атлетико во ЛШ, да не беа тоа случајно судиите, или можеби медиумите?