КАКО БИ РЕАГИРАЛЕ ВИЕ, АКО ВИ ГО НАПАДНАТ СЕМЕЈСТВОТО?
Објавено на: 09.05.2022
Фановите на НБА франшизата Далас Маверикс, физички ги нападнале мајката и сопругата на плејмејкерот Крис Пол, за време на натпреварот број 4 од серијата во второто НБА плеј-оф коло.
Еден (или повеќе) фан(ови) ја допирал(е) мајката на кошаркарот на Феникс Санс, додека неговата сопруга била турната пред нивните деца, вели еден извештај од американските медиуми.
Феникс загуби од Далас со 111:101, скорот е 2:2 во серијата прв до 4 победи. Следните три можни меча, се играат најизменично. Како би реагирале вие, кога би го знаеле или виделе ова?