Фудбал

КОЈ СЕ ИГРАШЕ ЗА ЛИЛ КОГА ПОСЛЕДЕН ПАТ ЈА ОСВОИЈА ТИТУЛАТА?

Лил е на чекор до освојување на својата четврта титула, а вечерва во последното коло потребни им се 3 бода против Анжер за да го направат големиот подвиг.

Во претходниот наврат кога Лил ја освои титулата (2010/2011), во клубот имаше голем број на не толку звучни имиња кои 10 години подоцна испишаа „нова страница“ во светскиот фудбал.

Па така, во тимот покрај Еден Азар, беа и Кабаје, Жервињо, Дебуши, Мавуба и Рами. Дали оваа генерација на Лил ќе биде поуспешна од онаа на Азар и за 10 години од сега ќе се сеќаваме дека успеле да го совладаат големиот ПСЖ.