РАГНИК ОФИЦИЈАЛНО СЕДНА НА ДВЕ СТОЛЧИЊА
Објавено на: 29.04.2022
Германскиот стручњак е назначен за нов селектор на Австрија, улога која ќе ја извршува паралелно со советничката во редовите на Манчестер Јунајтед, по завршувањето на сезоната.

Останува да се види како ќе советува клуб и ќе води репрезентација, кога ќе дојде до потенцијален конфликт на календарите (ако треба да гледа некој млад или потенцијален репрезентативец), или до меѓусебни мечеви на играчи од неговиот клуб (ако Јунајтед купи австриски репрезентативец).

Треба ли да се дозволи вакво нешто?