Кошарка

СПЕКТАКУЛАРНИОТ ДОНЧИЌ ГИ ПРИЗЕМЈИ КЛИПЕРС

Словенечкиот интернационалец е првиот во историјата на НБА лигата со три плеј-оф трипл-дабл учиноци во првите 7 одиграни натпревари. Со 31 поен, 10 скока и 11 асистенции тој беше лидер во триумфот на Далас против екипата од ЛА со 103:113.

Минатата сезона, која беше прва во доигрувањето за Лука Дончиќ, Маверикс загубија со 4:2 од Клиперс. Како ќе биде оваа година?

НБА статистиката вели – Словенецот, на 22-годишна возраст е само третиот кошаркар во историјата со два плеј-оф меча на кои постигнал трипл-дабл со 30 или повеќе поени. Другите двајца се актуелната легенда на Лејкерс, Леброн Џејмс и Карим Абдул-Џабар.