Кошарка

КОЈ (БЕШ)Е (НЕ)СЛАВНИОТ РEKОРД НА ШЕК ШТО ГО „ПОДОБРИ“ КЛЕКСТОН?

Во 2006-та година, искрено кажано на залезот на кариерата, иако слободните не му одеа баш и кога беше во зенитот, Шекил О’Нил постави неславен рекорд со 0/8 од линијата за слободни фрлања од почетокот на еден натпревар во рамките на плеј-оф дуелите.

Николас Клекстон (23) од Бруклин го изедначи и го подобри рекордот на славниот центар, со учинок 0/10 од линијата за еден поен. Дали некогашната Хек-а-Шек (фаулирај го Шек, сигурно ќе промаши слободно фрлање) одбранбена тактика ќе добие ново име?

Разликата е што тогаш Мајами ја освои титулата, а Нетс беа збршишани сезонава од Бостон со 4:0…