ГИ ПОКАЖАА ПАРИТЕ ПРЕДВРЕМЕ? МИЛАН ТРГНА ПО МАРЕЗ
Објавено на: 26.04.2022
Екипата од Сан Сиро е заинтересирана да потпише договор со Ријад Марез, чиј договор со Манчестер Сити истекува во 2023-та година.
Миланезите тргнаа предвреме во офанзива или само ја покажуваат решителноста на новите газди, кои до петок треба да го преземат клубот?

Ако се случи договор, односно примопредавање меѓу Инвесткорп и Елиот вредно 1 милијарда евра, Милан може да стане и најголемиот соработник на Манчестер Сити.
Тој потег ќе биде дел од глобализацијата, со оглед на тоа што Инвесткорп се тесно поврзани со газдите на премиерлигашот.