ЛЕКЛЕР СО ШУМАХЕР „ФИНТА“ ДО ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО МОНАКО
Објавено на: 22.05.2021
Моначанецот беше најбрз во втората квалификациска сесија, а на 16 секунди до крајот од третата и последна сесија излета и се заби во ѕидот со што ја прекина сесијата во која повторно беше најбрз. На тој начин, спречени беа останатите да постават нови времиња.
За потсетување, ваков „паркинг маневар“ имаше и Шумахер во 2006 кога го спречи побрзиот Алонсо да стигне до пол-позицијата.
Дали Шарл Леклер намерно го направи ова, или сепак станува збор за возачка грешка? Како и да е, домашниот возач по пауза од година и пол му ја донесе пол-позицијата на тимот на Ферари.