МОМЕНТОТ КОГА СТЕФЕН ПОМИСЛИ ДЕКА Е ЕДЕРСОН (ВИДЕО)
Објавено на: 16.04.2022
Ливерпул има огромни 0:2 предност на полувреме во полуфиналето на ФА купот, откако голманот на Сити во речиси идентична ситуација како онаа пред 6 дена на Едерсон успеа да им поклони гол на Ливерпул за 0:2.
Гвардиола започна со резервниот голман на местото на Бразилецот во првите 11, а таквата одлука се чини му се врати како бумеранг по оваа ситуација подолу.
Steffen really thought he was Ederson😭😭 #MCILIV pic.twitter.com/vwXpC41C2Q
— Krishna (@lcfckini) April 16, 2022
Огромниот кикс можеби ќе им донесе пласман на црвените во финале, а елиминација на граѓаните од Купот во кој тимот на Гвардиола секогаш игра за да го освои.