ЗОШТО Е НАЈДОБАР? ЕВЕ ЗОШТО
Објавено на: 16.04.2022
Кристијано Роналдо е првиот фудбалер со 15 постигнати погодоци во рамките на една сезона во Премиерлигата, кој има(л) над 36 години. Англиското првенство е најтешкото во поглед на физички контакт и темпо на натпреварите, од сите елитни европски национални лиги.

Кристијано Роналдо има 30 хет-трика пред да наполни 30 години и 30 хет-трика откако наполни(л) 30 години. Португалскиот мајстор на фудбалот има одлично избалансирана кариера. Тој не е системски играч и може да настапува во која било фудбалска средина, во ист ритам.
Потребни се повеќе факти?