Фудбал

ОБЛАК: ИМАВМЕ ПОВЕЌЕ ШАНСИ ОД НИВ НА ДВАТА МЕЧА

Голманот на Атлетико Мадрид верува дека неговиот тим бил подобар во двомечот со Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Словенецот ја демантира статистиката и официјалните податоци кои велат дека „јорганџиите“ имале 14 удари кон голот, но само 3 во рамки на голот. Сите удари во рамки на голот беа вчера на Ванда Метрополитано. За разлика од нив, „граѓаните“ имале 25 шутеви кон голот и само 3 во рамки на голот од кој еден ја затресе мрежата и ги однесе Сити во ново полуфинале.

Дадовме се од себе, но не успеавме да поминеме понатаму. Тие беа подобри од нас во Манчестер, но ние вчера ги надигравме. Создадовме повеќе прилики од нив во овие два натпевари, но не успеавме да постигнеме гол.

Кој е во право? 🙂