Фудбал

АНЧЕЛОТИ ЦАРУВА 4 ДЕЦЕНИИ

Италијанскиот стратег е првиот  тренер што успеал да се пласира во 1/2 финалето во Лигата на шампионите, во четири последователни децении. Ако освои титула со Реал Мадрид сезонава, ќе биде првиот во историјата со шампионски трофеи во сите 5 големи европски лиги (Серија А, Бундеслига, Лига 1, Премиерлига, Ла Лига).

Национални титули освојуваше со екипите на Милан, ПСЖ, Челси и Баерн Минхен. Со екипите на Јувентус, Милан и двапати со Реал Мадрид играше во рамките на полуфиналето во елитната лига на УЕФА, ЛШ. Дали Карло Анчелоти може да биде споменат во трката за најдобар тренер на сите времиња?