Фудбал

ИБРАХИМОВИЌ ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА АКО МИЛАН СТАНЕ ШАМПИОН

Миланезите оваа сезона играат многу над од она што сите го очекуваа и се во битка за титулата на седум кола до крајот, а зад нив се наоѓаат екипите на Наполи и Интер.

Златан Ибрахимовиќ е еден од предводниците на росонерите и е втор стрелец во екипата зад Оливие Жиру. Повредите го одалечија најплатениот играч во составот на Милан од поголем ангажман и учинок, а неговиот договор истекува кон крајот на сезоната.

Иако неколку пати беше највувано дека Милан ќе му го продолжи договорот на уште една сезона, 40 годишниот Ибрахимовиќ се уште го нема потпишано договорот. Според денешното издание на Газета дело спорт кое се повикува на извори од менаџментот на клубот, Златан би можел да се пензионира по завршувањето на оваа сезона доколку освои трофеј со миланезите.

Најтрофејниот клуб во Италија кога се во прашање трофеите во Европските натпреварувања е во трка за Скудетото и Купот на Италија, а освојување на една од овие титули ќе биде доволен мотив за Ибра да ја заврши својата кариера.

Како негова замена за наредната сезона се споменува Џанлука Скамака или Андреа Белоти.