СЕ „ПОТЕПАА“ ГОЛЕМИТЕ: ПЛАТИНИ ГО ТУЖИ ИНФАНТИНО
Објавено на: 06.04.2022
Некогашниот претседател на УЕФА и кандидат кој се повлече од трката за прв човек на ФИФА, го тужи актуелниот претседател на ФИФА и свој некогашен близок соработник во рамките на УЕФА.

Не се наведува за што прецизно се тужи Џани Инфантино, во пријавата од страна на Мишел Платини, пренесеуваат европските медиуми. Во документот е наведена пријава за „криминал за активно илегално влијание“.

Во 2018-та, Платини и претседателот на ФИФА Сеп Блатер беа обвинети за малверзација со пари во УЕФА и ФИФА, по што беа суспендирани од фудбалот до 2023-та година. Дојде ли време за реванш?