Фудбал

ЛУКАКУ ГИ МОЛЕЛ ДИРЕКТОРИТЕ НА ИНТЕР ДА СЕ ВРАТИ НАЗАД

Денешното издание на торинскиот весник Тутоспорт ни носи нова сензационална вест, обелоденувајќи контакти меѓу Лукаку и директорите на Интер во кои напаѓачот сака да се врати повторно во Милано.

Според весникот, Лукаку е во постојан контакт со Пјеро Аусилио и Бепе Марота, двајцата најзадолжени за трансфери и играчкиот ростер на Интер. Белгискиот напаѓач е во контакти исто така и со поранешните соиграчи, а испраќал исто така и пораки на тимскиот тим билдинг пред 2 недели, кога во тренинг центарот беше организирана скара од страна на Лаутаро и Кореа.

Наводно, Лукаку е подготвен да ја намали платата за 50% од сегашната што ја зема во Челси само за да биде поприфатлив за нероаѕурите, кои имаат проблем со финансиите и обезбедувањето на чисти биланси пред прегледот од страна на УЕФА за Фер плеј правилото.

Како што јавува италијанскиот медиум, Лукаку не е во добри односи со Тухел, а им ставил до знаење на своите менаџери и на Челси дека сака да си замине од Стемфорд Бриџ ова лето, постигнувајќи 12 гола во 34 настапи во синиот дрес.

За потсетување, Челси го плати Лукаку повеќе од 115 милиони евра ова лето. Дали ќе се откаже така лесно од него, останува да видиме.