ПЈАНИЌ: ДИБАЛА СИ ЗАМИНУВА ОД ЈУВЕНТУС
Објавено на: 31.03.2022
Миралем Пјаниќ во едно подолго интервју за Газета дело спорт се осврна на својот престој во Истанбул, неговата љубов за Италија и последните турбулентни случувања поврзани со Дибала и неговото наводно заминување од Торино.
Според босанскиот интернационалец кој долго време беше тимски колега на Дибала, Јувентус во чест на Аргентинецот наредната сезона не треба да ја даде десетката на никого. Toj додаде дека и откако слушнал за „лошата вест“, веднаш стапил во контакт со Дибала за да ја потврди информацијата.
Знам како се чувствува. Тој секогаш го даваше максимумот за Јувентус, дури и кога беше повреден. Никогаш не се штедеше и ја разбирам неговата ситуација. Но ја разбирам исто така и одлуката на Јувентус, кои сакаат да тргнат по друг пат со други играчи.
Запрашан кој треба наредна сезона да ја има десетката на Дибала, тој додаде:
Мислам дека клубот од почит кон Паоло не треба на никого да ја даде десетката, барем една сезона.
Босанскиот играч од средниот ред кој настапува во Бешикташ, не даде конкретен одговор на тоа кој ќе слави во Дерби на Италија овој викенд, давајќи им еднакви шанси и на двата тима.