ПАНДЕВ МУ ОДГОВОРИ НА ПАНЧЕВ: КРИВО МУ Е
Објавено на: 30.03.2022
Нашите двајца најтрофејни фудбалери влегоа во „битка“ преку медиумите, откако во текот на денот Панчев во интервју за германски медиум индиректно го „чепна“ Пандев.
Според Дарко Панчев, Македонија со Пандев во составот губела и од Андора, додавајќи дека денешните фудбалери имаат поголема слобода во играта без него во селекцијата.
Придонесот на Пандев за Македонија е неспорен, па тој го даде голот и во Тбилиси за пласман на Европско првенство, но не треба да се заборави дека со него во составот изгубивме и од Андора. Сепак мислам дека Елмас, Барди и Адеми можат уште повеќе од сега да се развиваат.
Истакна Панчев како дел од поголемиот дел од интервјуто со осврт на последните македонски фудбалски резултати.
На ова интервју, следеше реакција од Пандев, кој во кратка изјава за Фокус додаде:
Немам што да додадам. На човекот му е криво што Македонија играше на Европско и стигна до финале на бараж на Светско.