Фудбал

ГРЕШКИТЕ ПО КОИ ПОРТУГАЛЦИТЕ ПОСТИГНАА ДВА ГОЛА (ВИДЕО)

Одличната тактичка поставеност на нашите фудбалери не беше крунисана со гол, но Португалците не покажаа речиси ништо освен казнување на нашите грешки.

При првиот гол, Стефан Ристовски погрешно додаде кон средината, а Роналдо ја пресече топката и додаде до Бруно Фернандеш кој ја круниса грешката со гол.

За вториот гол, контрата на Португалија проработе, откако Барди длабоко на португалската половина не успеа да ја задржи топката и повторно, немилосреден беше Бруно Фернандеш.

Сепак, нашите момци храбро изиграа на Драгао и не се предадоа низ целите 90 минути.