ДАЛИ СЕ СЕЌАВАТЕ НА ГОЛОТ НА БАРДИ ПРОТИВ ПОРТУГАЛИЈА? (ВИДЕО)
Објавено на: 29.03.2022
Енис Барди знае како е да се тресе мрежата од голот на Португалија. Иако не е против оваа генерација против која ќе играме вечерва, сепак статистиката вели дека нашиот фудбалски бисер стрелал против Португалците.
Најголемиот дел од денешната репрезентација на Македонија играше на Европското првенство за играчи по 21 година пред 5 години, а тогаш како противник ја имавме Португалија во групната фаза.
Мечот го загубивме, но момците одиграа неверојатна партија добра за око, предводени од денешниот селектор – Благоја Милевски.
Барди беше стрелец на еден од головите за намалување на предноста на Португалија на 2:1.