Фудбал

ЕРИКСЕН: ЈАС СУМ СРЕЌЕН ЧОВЕК

Кристијан Ериксен не можеше да има подобар камбек во националниот состав, погодувајќи само две минути откако влезе на теренот.

Ова беше прв натпревар за Данецот по срцевиот напад на Европското првенство и натпреварот со Финска минатиот Јуни.

Среќен сум што топката дојде кај мене и успеав да погодам. Навистина, на вистински начин се вратив во репрезентацијата.

По неговото влегување на теренот, целиот стадион ракоплескаше, а неговиот камбек беше можеби и на вистинскот место, каде што помина неколку сезони во дресот на Ајакс.

Ова место отсекогаш било во моето срце и добро е што тука се враќам во првиот натпревар по отсуството. Ако се одземе резултатот, јас сум среќен човек имајќи во предвид низ што се поминав претходната година.

По завршување на натпреварот, тој беше прогласен за играч на натпреварот, а подолу можете да го погледнете голот на Данецот со кој ја ублажи победата на Холандија.