Фудбал

НА МАНЧИНИ МУ СЕ ПОДГОТВУВА СМЕНА, КОИ СЕ КАНДИДАТИТЕ ЗА НЕГОВА ЗАМЕНА?

Дуелот на Ренцо Барбера најверојатно ќе биде кобен за Роберто Манчини на селекторската позиција на Италија, откако Европскиот шампион беше нокаутиран од четата на Благоја Милевски.

Според Спорт Медијасет, селекторот кој ја донесе Италија до Европското злато ќе си поднесе оставка од кормилото на аѕурите наредна недела, а ФИЦГ (фудбалската федерација на Италија) размислува веќе за неговиот наследник.

Рано утринава, името на Фабио Канаваро излезе како најсериозен кандидат за селекторската позиција, а медиумите во Италија шпекулираат дека Марчело Липи би можел да биде технички директор на А репрезентацијата во тандем со поранешниот дефанзивец на Јувентус.

Сепак, според Спорт Медијасет кои пред малку објавија нови шпекулации во италијанските фудбалски кулоари, имињата на Андреа Пирло, Стефано Пиоли и Клаудио Раниери исто така се во игра за селектроското столче.

Како и да е, Италијанците ќе имаат уште многу време да анализираат каде згрешија, додека фокусот на нашите фудбалери и стручниот штаб е насочен кон новиот предизвик: Победа во Драгао на Порто сред Португалија.