ВО ПРАШАЊЕ СЕ САМО ДЕНОВИ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО БАРСА?
Објавено на: 18.03.2022
Најновите изјави на дел од фудбалерите на Барселона ги подгреваат надежите на фановите дека нивниот миленик ќе се врати на Камп Ноу и ќе го одигра поселдниот танц во омилениот дрес.
Лионел Меси не игра според очекувањата во ПСЖ, а според зборовите на Дани Алвеш, аргентинскиот ас е многу блиску до кам-бек дома:
Очекувам да се врати. Тој не ужива во Париз. Таму не е на своето. Еднаш ми рече, кога заминував – каде ќе ти биде поубаво од тука, мислејќи на Блауграна. – изјави бразилскиот интернационалец за ЕСПН.
Меси се враќа дома?