(МАЛКО)МАКЕДОНЕЦОТ Е ОМИЛЕН ВО ТОТЕНХЕМ
Објавено на: 17.03.2022
Лондонската екипа е повеќе од среќна со перформансот на Дејан Кулушевски, поранешниот играч на Јувентус и репрезентативец на Шведска, кој има македонски корени. Затоа ќе му бидат понудени подобрени услови за продолжување на престојот во северен Лондон.
Дејан Кулушевски има мандаторна откупна клаузила во договорот ако Тотенхем успее да се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона. Цената на позајмицата до 2023 е 10 милиони евра, следното лето откупната ќе биде 40, а ова лето 35 милиони евра.

Бескрајно сме среќни што еден нашинец игра во големи екипи, без разлика дали игра за Македонија, или не. Неодамна, тој одби да зборува на македонски јазик во интервју за телевизијата Спортклуб, затоа што не го познавал доволно (мајчиниот јазик).