Фудбал

РОМАН АБРАМОВИЧ РАЗРЕШЕН ОД ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ЧЕЛСИ

Голема вест пристигнува од Англија, откако Премиер лигата потврди дека сопственикот на Челси е разрешен од позицијата директор на Челси.

Во соопштение кое пред малку беше објавено до јавноста, бордот на Премиер лигата обзнани:

Согласно санкциите кои Британската влада ги воведе поради окупацијата на Русија на Украина, Премиер лигата го разрешни Роман Абрамович од позицијата директор на Челси.

 

Оваа одлука на Премиер лигата сепак нема да влијае во моментов никако на Челси, бидејќи клубот ќе продолжи да функционира во следниот период, се додека не биде донесена одлука за продажба или целосно замрзнување на капиталот.