Фудбал

РАБОТЕЛ СО ДРОГА, НО ЌЕ СЕ СПАСИ ЗАТОА ШТО Е ВО РУСИЈА?

Холандскиот интернационалец Квинси Промес и неговото семејство вложиле голема сума на пари во трговија со дрога, конкретно со кокаин. Се работи за четири тона бел прав, кој бил запленет од страна на полицијата во април 2020-та година, во белгискиот град Антверпен.

Тогаш се уапсени неколку дилери, а вкупната вредност на пратката се проценува на 120 милиони евра. На 30-годишниот фудбалер му се заканува затвор поради инволвираност во случајот, но тој се наоѓа во Москва каде игра за Спартак и во моментов е далеку од европските власти.