Фудбал

УКРАИНЦИТЕ ПОБАРАА ДА БИДЕ КАЗНЕТ ПОРАНЕШНИОТ КАПИТЕН

Украинската фудбалска асоцијација, побара Анатоли Тимошчук да биде казнет со одземање на сите награди и титули што ги има освоено, поради тоа што се уште не го искажал својот став за воениот конфликт во неговата матична земја.

Поранешниот играч од средниот ред, кој регистрира вкупно 144 настапи за националната селекција на Украина, во моментов работи како асистент тренер во рускиот фудбалски клуб Зенит, но не го кажал јавно својот став по ова прашање.

Исправна ли е иницијативата на украинското фудбалско тело?