Фудбал

ЕУРО 2028 ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ИРСКА, ЕУРО 2032 ВО ИТАЛИЈА?

Вчерашниот ден разбистри многу прашалници кога се во прашања следните Европски првенства во фудбал, откако се поизгледно е дека Англија и Ирска ќе бидат домаќини на Европското во 2028 година.

За 2 години Германија ќе ги пречека најдобрите европски репрезентации во фудбал, а четири години подоцна Англија и Ирска ќе бидат домаќини на Европјаните. Ваквиот сплет на настани дојде по откажувањето на Турција и Италија за домаќини на ЕП за 6 години од сега.

Така, Велика Британија и Ирска останаа единствените кои имаат важечка апликација за домаќини, што останува на УЕФА само официјално и да ја потврди фактичката состојба.

Денес, медиумите во Италија откриваат дека надлежните органи на апенинскиот полуостров се повлекле од апликацијата бидејќи поднесуваат нова, за 2032 година за која постојат огромни шанси истите да ја добијат.

Дали Англичаните на домашен терен ќе можат овој пат да стигнат до големо обележје?