Кошарка

КОШОТ НА КРАЛОТ ЗА ОДБРАНА НА ТИТУЛАТА?

Многу често, шампионите имаат проблем во следната сезона, да го задржат она што го освоиле. Во спортот има едно непишано правило – потешко е да останеш, отколку да станеш шампион.

Леброн Џејмс и Лејкерс имаа проблеми во мечот од плеј-инот, за пополнување на претпоследното плеј-оф место на Западот, но славеа против Голден Стејт со овој кош:

Лејкерс се пласираа на 7-та позиција во Западната конференција, а екипата на Голден стејт Вориорс ќе има уште една шанса, во натпреварот со Мемфис, за последното 8-мо место што од плеј-ин турнирот води во разигрувањето за титулата.