КАНТЕ ВО ПСЖ
Објавено на: 26.02.2022
Францускиот клуб подготвува сензација во преодниот рок, која се уште е во доменот на шпекулациите, но има сериозна позадина со оглед на тоа дека ја пренесува бтитаскиот медиум Телеграф.
Нголо Канте дојде во Челси во 2016-та, но нема потпишано екстензија на договорот уште од 2018-та година. Во јуни 2023-та му истекува актуелниот, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е ПСЖ.

Англискиот клуб ќе треба или да се откаже од Канте за џабе во 2023-та, или да заработи нешто на истекот на сезоната 2021/22. На потег се лондонските сини, за кои Канте е незаменлива алка во шампионскиот ланец.