НЕЈМАР ГИ ПОКАЖА НОВИТЕ ПУМА БЕТМЕН, ВИ СЕ ДОПАЃААТ?
Објавено на: 25.02.2022
Бразилскиот интернационалец беше на промоцијата на новиот филм „Бетмен“, во кој главните улоги им се доделени на Роберт Патисон (Бетмен) и Зои Кравиц (Кетвоман), но целта на неговото присуство беше сосема друга.
Фудбалерот на ПСЖ ги промовираше новите копачки (Z 1.3) и патики на Пума, серијата која го носи името на филмот. Долгорочната соработка меѓу Нејмар и Пума трае од 2020-та, кога истече неговиот 15 годишен договор со Најки.

Ви се допаѓаат новите копачки на Нејмар? Ќе дава ли со нив повеќе голови?
