Фудбал

УЕФА ГО ПРЕМЕСТУВА ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ?

Финалниот меч во елитното натпреварување може да биде преместен од рускиот Санкт Петербург во Лондон и да се одигра на легендарниот Вембли, како најсериозна алтернатива за последниот дуел во Лигата на шампионите на УЕФА.

Ова е можно, ако ескалира конфликтот меѓу Русија и Украина, со што руската федерација би била санкционирана од страна на УЕФА, нешто слично како што руските спортисти беа санкционирани од ИОК поради бројните „допинг“ скандали.

Дали би била исправна оваа одлука, ако се случи? Дали Англичаните или Американците некогаш биле казнети за некој конфликт? Дали е ова нова комплетна војна меѓу истокот и западот, на сите нивоа, во која ќе биде оштетен целиот свет?