Фудбал

ЗА ВАКВИТЕ РЕАКЦИИ КАКО НА КОНТЕ, ПОСТОИ ФУДБАЛОТ

Италијанскиот стратег е шоумен, покрај тоа што е голем мајстор на фудбалот. Но, воедно, тој е и голем психолог. Антонио Конте ја украде славата по дербито меѓу Манчестер Сити и Тотенхем.

Ова беше натпревар меѓу две екипи кои имаат поинакви визии сезонава и различни резултати, односно не само сезонава, туку воопшто последнава деценија во која Сити царува во Премиерлигата.

Освен што го истепа фаворитот со 2:3 на негов терен, освен што му ја прекина серијата од 13 мечеви без пораз со 12 победи, Конте пред мечот изјави – Гвардиола е најдобриот тренер на светот.