„BBC“ ЈАВУВА: МБАПЕ ГЛЕДА КОН ЛИВЕРПУЛ?
Објавено на: 18.02.2022
Сагата за најдорбиот напаѓач од помладата генерација, ќе трае се додека францускиот репрезентативец не го стави својот потпис на договор со еден од европските гиганти.
Не се исклучува негово останување во Париз, но шпекулациите за неговото заминување од француската престолнина се посилни со секој нов ден.

Наводно, како што пренесува (BBC) британскиот национален медиум, кој ретко греши, Килијан Мбапе се свртел кон екипата на Ливерпул, по очајниот перформанс на Реал Мадрид во првиот 1/8 финален меч против екипата на ПСЖ.

Францускиот тклуб се обидува да го задржи Мбапе со 1 милион фунти неделна плата, со што тој ќе стане најплатениот фудбалер во историјата. Каде треба да продолжи расниот стрелец?