Фудбал

КОЛКУ МИЛИОНИ ПОТРОШИ ЈУНАЈТЕД ПО ОСВОЕН БОД?

Екипата од Манчестер не може да се врати во формата која ја имаше пред заминувањето во пензија, не легендарниот тренер и менаџер, Сер Алекс Фергусон.

Ваквите падови на големите династии се очекувани, но црвените ѓаволи не можат да се снајдат ни на пазарот, иако имаат огромни средства на располагање.

Инвестициите на најтрофејната англиска екипа се полоши од сезона во сезона. Ѕвездите доаѓаат, преплатени, а ниту резултати, ниту игра има на повидок.

Од 2016-та година, пресметката вели дека Манчестер Јунајтед троши по 1.5 милиони фунти за секој освоен бод во Премиелигата. Но, во витрините нема трофеи. Кој е виновен за ваквата ситуација?