Кошарка

САГАТА ЗА БЕН СИМОНС Е ГОТОВА, ЌЕ БИДЕ ТРЕЈДУВАН ЗА ЏЕЈМС ХАРДЕН

Бруклин Нетс ќе ги добијат Бен Симонс, Сет Кари, Андре Драмонд и два пика од првата рунда. Во Филаделфија Сиксерс ќе одат Џејмс Харден и Пол Милсап. Оваа непотврдена информација ја пренесе НБА гуру-новинарот, Адријан Војнаровски кој ретко греши.

Харден не се изнаигра во Бруклин, ги напушта Кајри Ирвинг и Кевин Дјурант. Бен Симонс се испокара со Сиксерс, загуби милиони поради тоа што не сакаше да игра од почетокот на сезоната. Се наѕира крајот на оваа сапуница во НБА лигата.

Дали Џејмс Харден ќе донесе квалитет во Филаделфија, има ли потенцијал за титула? Дали Симонс е вистинското решение за Нетс, дали им треба играч од негов калибар?

Одговорите на овие прашања, ќе следат во вториот дел од сезоната 2021/22.