Фудбал

ЗОШТО ПОБЕДИ АРСЕНАЛ? ЗАТОА ШТО ДАДЕ ГОЛ!

Екипата на шпанскиот стратег Микел Артета конечно и се израдува на победата, со 0:1 на гостувањето кај Вулверхемптон во рамките на 24-то коло во Премиерлигата.

Погодокот го постигна Габриел во 25-та минута, а тоа беше првиот гол за топџиите по голот на Сака на први јануари годинава, во поразот од Манчестер Сити со 1:2.

На следните мечеви, против Нотингем во ФА Купот и двата против Ливерпул во ЕФЛ Купот, односно против Барнли во Премиерлигата, Арсенал не успеваше да ја погоди мрежата и забележа два пораза и две реми средби.