Кошарка

ЈОКИЌ? УРНА УШТЕ ЕДЕН РЕКОРД!

Српскиот интернационалец е прв играч во историјата на НБА лигата, кој успеал да го предводи својот тим во постигнати поени и остварени скокови и асистенции, во четири последователни сезони.

Последниве години, откако ја совлада препреката наречена запознавање со средината, Никола Јокиќ е единствената константа во трката за МВП на сезоната, покрај која се менуваа(т) многу други имиња.

Сезонава, Јокиќ бележи по 26.4 поени по натпревар, 10.8 скока по натпревар и 8.3 асистенции по натпревар, што е многу блиску до трипл-дабл просек. Дали конечно дојде и неговата година?