Фудбал

ТОП 5 ГРЕВОВИ НА ГОЛЕМИТЕ ФУДБАЛСКИ МАЈСТОРИ, ЗНАЕТЕ ЛИ ДРУГИ?

Мејсон Гринвуд е уапсен и приведен поради сомнение за силување и напад. Ова е се почеста појава во современиот свет на фудбалот и на спортот, односно воопшто во сите сегменти од животот.

Прашањето е дали ова е лов на пари од страна на оние кои се претставуваат како жртви, или е сепак реална ситуација која се случила и оној кој го сторил делото треба да оди зад решетки?

Дали жртвите конечно се решија да излезат пред јавноста? Додека судовите се борат да докажат кои и дали е виновен, еве топ 5 случаи кои оставаат без здив поради проблемите со законот:

1. Диего Марадона – позитивен на кокаин додека играше во Наполи 1991 и за Аргентина 1994 кога пукаше кон новинар со воздушна пушка за што беше осуден 1998-та година.

2. Ерик Кантона – додека одеше кон тунелот поради исклучувањето, го изведе кунг-фу ударот кон трибините поради што доби казна 120 часа општествена работа.

3. Тони Адамс – поранешниот дефанзивец на Арсенал беше осуден на 4 месеци, но отслужи 2, затоа што возел 4-пати над дозволената брзина и бил фатен како вози пијан.

4. Бенџамин Менди – се соочува со ригорозна казна поради наводи за повеќекратно силување различни личност во подолг временски период.

5. Карим Бензема – доби условна и парична казна поради уцена на соиграч од француската репрезентација, со компромитирачки сексуални фотографии.

Дали знаете или сакате да истакнете и други вакви или слични случаи?