ЕРИКСЕН СЕ ВРАТИ ВО АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛ, НО НЕ ВО ТОТЕНХЕМ
Објавено на: 31.01.2022
Данскиот репрезентативец повторно ќе трча по зелените терени, но сега во дресот на Брентфорд. Тоа значи враќање за него во англискиот фудбал, но не во редовите на Тотенхем, каде ја доживеа вистинската промоција како квалитетен фудбалер.

Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на последното европско првенство, неговиот живот беше загрозен, но поради брзата интервенција на лекарскиот тим тој сега повторно има шанса да игра фудбал. Во Италија не може да се игра со вграден пејсмејкер и затоа тој го напушти Интер.

Следниот дуел на Брентфорд е против Манчестер Сити. Дали англиските фудбалски органи требаше да му дозволат на Ериксен повторно да игра кај нив?