Фудбал

УЛТРАСИТЕ НА ФИОРЕНТИНА СО ЗАКАНИ ЗА ВЛАХОВИЌ

Се чини дека Душан Влаховиќ е само на еден чекор од трансфер во Торино оваа зима, откако бројни новинари и медиуми најавија дека договорот помеѓу Ањели и Комисо е постигнат.

Иако Јувентус важи за најомразен тим во Фиренца, сепак раководството ќе го продаде најдобриот напаѓач во Серија А според бројот на постигнати голови во големиот ривал, пред се поради неговата желба да заигра во Торино.

Ултрасите на Фиорентина излегоа најразочарани од ваквата зделка и тие извадија пароли пред Артемио Франкио во Фиренца со навреди за нивниот најдобар играч (се уште).

Човек г**но.

 

Готово е со тебе. Ниту твоите бодигарди нема да можат да те спасат.

 

Головите не се доволни за да се заслужи почитта. Влаховиќ човек г**но.

 

Ова се само дел од паролите пред стадионот на Фиорентина, а ние со нетрпение ќе го очекуваме неговото враќање на Артемио Франки во дресот на Јувентус, нели?