ЛЕБРОН „МУ ПРЕСУДИ“ НА ОПОНЕНТОТ, НО МАЈАМИ „ГИ ЗАКОПА“ ЛЕЈКЕРС
Објавено на: 24.01.2022
Во финалните минути од мечот меѓу Хит и гостите од ЛА, Бам Адебајо направи фаул во напад и мораше да излезе од игра поради шестиот максимален фаул што може да го направи еден играч на еден натпревар, а Леброн Џејмс го испрати сето тоа во старо-римски стил – со палецот надолу:
Мајами Хит победи против ЛА Лејкерс со 113:107, што е четврта победа за тимот од Флорида на последните 5 меѓусебни дуели. Лејкерс имаат само две победи на последните седум дуели сезонава, а Мајами има седум победи и три порази на последните 10 средби во актуелното НБА првенство.