Фудбал

ДАЛИ ХОЛАНД Е ПОГОЛЕМ ОД БОРУСИЈА ДОРТМУНД?

Напаѓачот има огромни проблеми со управата на клубот, која инсистира тој да донесе конечна одлука за неговата иднина, во најкус можен рок. Притисокот на плеќите на младиот фудбалер, според неговите зборови, е неподнослив.

Со двата гола во победата од 5:1 против Фрајбург во рамките на 19-то коло, Норвежанецот има 78 погодоци на 77 натпревари во дресот на Борусија Дортмунд и веќе е запишан во книгите на историјата како една од клупските легенди.

Ако клубот инсистира, ќе мора да донесам одлука. Во моментов, јас само сакам да играм фудбал. Но, постои огромен притисок од страна на Борусија, да ја донесам мојата конечна одлука.

Треба ли Борусија да го притиска, има ли право Халанд да размислува, каков ќе биде расплетот?