ИМАШЕ ЛИ ПЕНАЛ ЗА ТОТЕНХЕМ, ИЛИ ЦРВЕН ЗА РУДИГЕР?
Објавено на: 13.01.2022
Челси победи против Тотенхем со вкупни 0:3 (2:0, 0:1) во рамките на полуфиналето од Карабао Купот и се пласира во финалниот натпревар против Ливерпул или Арсенал (13/20.01.2022).
Во лондонското дерби имаше најмалку една спорна ситуација која влијаеше на конечниот исход, а тоа беше моментот кога Рудигер направи фаул спречувајќи отворена позиција за гол:

Притоа прво судијата Маринер досуди пенал, потоа ВАР го корегира, но љубителите на фудбалот беа изненадени од (не)реакцијата на арбитарот – немаше ни жолт, ни црвен картон.
Кликнете на линкот кој ќе ве одведе на YouTube, каде (04:35) може да видите дека фаулот беше вон 16-кот, но и да процените дали дефанзивецот на Челси требаше да биде исклучен?