НА ШТО СЕ ДОЛЖИ КОНСИСТЕНТНОСТА НА ЛЕБРОН, НА КОЈА (МОЖЕ ДА) И ЗАВИДУВА И ЏОРДАН?
Објавено на: 11.01.2022
Можеби не е најатрактивниот, можеби не е најуспешниот, можеби не е најодликуваниот кошаркар на сите времиња, но сигурно е дека во моментов е најдобар, ќе одбележи една ера и сигурно е најпостојаниот кошаркар во современата историја на НБА лигата.
Леброн Џејмс е највозрасниот во историјата кој има одиграно најмалку 10 меча во серија со по најмалку 25 постигнати поени. Просекот оди и над 30 поени по натпревар. Тој го урна рекордот на Мајкл Џордан кој беше најдобар во оваа категорија на 34 години. Како му успева?