Фудбал

КОЈ СКОКА ПОВИСОКО, АНСУ ФАТИ ИЛИ РОНАЛДО?

На последниот твит на каталонската гордост кој се однесува на новата ѕвезда на оваа екипа – Ансу Фати, пишува „Air Ansu“ со што се алудира на неговиот скок забележан на една фотографија.

Ансуман Фати Виеира е роден на 31-ви октомври 2002-та година, тој е шпански професионален фудбалер кој игра лево крило за Барселона и репрезентацијата на Шпанија. Роден е во Гвинеја-Бисао, но ја претставува Шпанија на меѓународно ниво и се смета за еден од највозбудливите фудбалски таленти и еден од најдобрите млади играчи на светот.

Дали младиот играч на Блауграна може да се „носи“ со скоковите на Кристијано Роналдо? Просечен човек скока до 1 метар, врвните атлети скокаат до 1.50 метри, а Португалецот кој има 36 години има скок 2.56 метри. Кој е кралот на скоковите во светот на фудбалот?

Сепак, ќе ве изненади рекордерот на скок по кој е постигнат гол, во серија А, а тоа е Томори од Милан кој скокна (2.65176 метри) повисоко од претхдониот рекордер Роналдо (2.5908 метри):