НОВИОТ КРАЛ, ЛЕДЕНИОТ ПРИНЦ И СТАМЕНИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ОД МАДРИД
Објавено на: 10.01.2022
Карим Бензема и Винициус Жуниор играат на повисоко ниво сезонава, во многу нешта различно од сите останати тандеми во шпанската лига, а можеби и во рамките на цела Европа.
Францускиот интернационалец викендов го постигна својот гол број 300 во дресот на Реал, а бразилскиот интернационалец неодамна беше прогласен за најкорисен играч на светот.

Да не го заборавиме и Милитао на кого пиле не може да му прелета во одбраната. Мадриѓаните не треба да се грижат за ерата по големите имиња како Роналдо, Рамос и останатите?