Фудбал
ВО ГЕРМАНИЈА, ТОА СЕ СЛУЧУВА НА 16 ГОДИНИ
Објавено на: 09.01.2022
Паул Ванер е најмладиот играч на фудбалскиот гигант Баерн Минхен кој стартувал на еден официјален бундеслигашки натпревар во дресот на баварската машинерија, која е неприкосновена во освојувањето титули во оваа земја.
Со 16 години и 15 дена, Ванер е рекордер на тимот од Минхен и втор најмлад во германската историја. На колку години кај нас се „форсираат“ талентите и дали можеме барем во оваа категорија да им парираме на посилните лиги?