Тенис

КАКО СРБИТЕ ГО ПОДДРЖАА ЃОКОВИЌ?

И далеку од дома, во ситуација кога властите на таа земја не му дозволуваат на Новак Ѓоковиќ да влезе преку нивната граница, тој има поддршка од сонародниците. Еден фан дојде на аеродромот Туламарин каде српскиот тенисер се уште чека виза за влез во Австралија, да му искаже почит за сето она што тој го има направено како спортски амбасадор на Србија.

Љубителот на спортот беше сам и осамен на аеродромот што може да се забележи и од фотографијата, на која тој го држи во рацете српското знаме. Никаде околу него нема жива душа, освен можеби некој што не се гледа во кадарот, како што е на пример оној кој ја направил оваа фотографија.

Новак Ѓоковиќ чека влез во Австралија поради грешно барање за виза, а му било речено дека ќе може да влезе со медицинска потврда, на што имаше реакции ширум светот, особено од западноевропските земји, според кои најдобриот тенисер на светот бил повластен затоа што бил богат и моќен.

Хералд Сан јавува дека одреден извор споменал можно притворање на тенисерот, поради наводно нелегален обид да влезе во Австралија. Организаторот на АО вели дека повеќемина добиле виза врз база на медицински потврди и за Ѓоковиќ немало исклучок, туку се било регуларно. Сагата продолжува…