Фудбал

КАКО УЛТРАСИТЕ НА ИНТЕР ГО ДОЧЕКАА МУРИЊО ВО МИЛАНО?

Поминаа речиси 12 години откако Мурињо ја освои славната „Триплета“ со Интер и замина од Милано во Реал Мадрид, но фановите на Интер секогаш му оддаваат голема почит на Португалецот.

Па така е и вечерва, кога славниот тренер на нероаѕурите пристигна во Милано со неговата Рома да играат дуел со градскиот ривал на Интер.

Tие го запреа автобусот на Рома за да може да го поздрават Мурињо, а тој излезе од него да се поздрави со славната „Курва Норд“.

Ултрасите му врачија и благодарница со порака:

Твојата кариера може да те однесе било каде, но ти секогаш ќе бидеш еден од нас.

Дали Мурињо ќе им се „оддолжи“ со одземање на бодови на Милан утре на Сан Сиро?