НЕЧОВЕЧКА ЦЕНЗУРА ЗА ТЕТОВАЖИ ВО КИНА
Објавено на: 31.12.2021
Кинеските власти забранија тетовирање на фудбалерите кои настапуваат во фудбалската лига на оваа земја, а постоечките тетоважи ќе мора да бидат или „самоиницијативно“ отстранети, или, во посебни случаи, покриени додека фудбалерите трчаат по теренот.
Со оваа одлука на раководните органи се кршат основните човекови права на луѓето, кои имаат слобода да бираат дали ќе бидат тетовирани, или нема. Нејасно е дали е забрането да се гледаат тетоважите, или е генерално забрането да се тетовираат фудбалерите.

Особено им се забранува нанесување на нови тетоважи на репрезентативците во А селекцијата на Кина и на селекцијата до 23 години, со цел, како што се наведува, да бидат „пример во општеството“. Во У20 селекцијата не смее да се регрутира тетовиран фудбалер.
Тетоважите се заштитен знак токму на источните култури. Каков е вашиот став по ова прашање?